Новости

Како До Правилен Избор За Гејминг Слушалки?

Како до правилен избор за гејминг слушалки

Гејминг слушалките се важен и неопходен аспект на секој гејмер, затоа, купитука ви помага во вашиот избор. Ви нудиме листа од карактеристиките кои се важни, како би полесно одбрале кои се слушалките за вас. Ќе ви кажеме кои од сега безброј патентирани технологии се најдобри, што да барате кога купувате гејмерски слушалки.

Што треба да барате кога купувате гејмерски слушалки?

Одличен звук, висока удобност при носење, прекрасен дизајн – многу субјективни карактеристики, кои сепак се одлучувачки кога станува збор за наоѓање на вистинските слушалки. Не можеме да одлучуваме наместо вас, но купитука може да ви понуди неколку корисни совети за да го најдете она што ви одговара најмногу.

Слушалките за канцелариска употреба обично немаат некои посебни карактеристики, меѓутоа, ситуацијата е сосема поинаква со слушалките за гејминг, бидејќи гејминг сесиите често траат неколку часа и додека сте длабоко навлезени во виртуелниот свет, надворешниот свет може да стане секундарна работа.

Ако сте сериозен гејмер или би сакале да станете, знаете дека висококвалитетниот звук е доста важен. Без разлика каква конзола користите, вистински одбраните слушалки може да го подигнат вашето искуство на следното ниво. Купитука во ги претставува некои од најдобрите карактеристики што треба да ги барате при вашето пребарување за врвни гејминг слушалки.

Сараунд звук или стерео звук

Сараунд звукот е извонредна карактеристика што навистина може да ве запрепасти. Слушањето на звукот од сите агли, прави да се чувствувате како навистина да сте во светот на играта. Исто така, ви помага да ги лоцирате непријателите и другите објекти во вашата виртуелна средина.

Доколку вашиот буџет е понизок, тогаш и стерео звукот ќе ги задоволи вашите потреби. Споредбено со сараунд звукот, стерео звукот доаѓа од две места, односно лево и десно, што е доволно добро за гејминг, освен во експлицитни случеви.

Удобност

Удобноста е клучна кога станува збор за слушалките за гејминг. Секако дека не би сакале да се соочувате со неудобни ушни перничиња, или имате чуство на неудобност после кратко користење. Побарајте слушалки со ушни перничиња кои одговараат на вашите уши. Исто така, и  прилагодлива лента ќе ви помогне да ги вклопите најидеално на вашата глава.

Квалитет на микрофон

Ако се занимавате со онлајн игри или играте со пријателите, мора да имате висококвалитетен микрофон. Сакате да бидете сигурни дека вашиот глас е јасен и разбирлив, додека вашите соиграчи можат да ве слушнат јасно. Купитука препорачува микрофон со „noise cancellation“. Тоа значи дека користи напредна технологија со која го елиминира шумот во позадина.

Во прилог ви го испраќаме линк до нашиот асортиман на гејминг слушалки: https://kupituka.mk/product-category/prodavnica/kompjuteri-i-galanterija/kompjuterski-slusalki/gejmerski-slusalki/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *