Откако стана јасно дека новата серија iPhone 15 дефинитивно ќе го замени вековниот Lighting конектор со USB-C, најдовме некоја интересна фотографија!
Според публикацијата, новите iPhone уреди имаат нешто што изгледа како Retimer чип. Ова, пак, значи дека претстојните iPhone-и ќе нудат поддршка за Thunderbolt.

Thunderbolt стандардот може да биде дел само на iPhone 15 Pro и Pro Max. Во секој случај, тоа може да биде огромно олеснување за корисници на кои им е потребен брз трансфер на податоци преку уреди.

Портата Lightning базирана на USB 2.0 е ограничена на 480 Mbps, додека типичниот Thunderbolt интерфејс може да достигне до 40 Gbps. Покрај тоа, стандардот Thunderbolt поддржува поголема влезна и излезна енергија, така што побрзо ќе се полнат уредите.
Add comment