Серијата Smart/Mi Band на Xiaomi достигна легендарен статус во светот на евтините паметни уреди со многу функции за следење на здравјето со примамливо ниска цена!

Да не зборуваме за големиот број на опции и долгорочното траење на батеријата.
Band 8 добива надградена метална основа и нов механизам за прицврстување на лентата за часовник. Надграден е и со аудио, односно се слуша звучен клик кога се користи. Ова е сè уште еден од најлесните фитнес-тракери што постојат и при што можете да заборавите дека го имате на вашата рака!
Големината и резолуцијата на екранот на Smart Band 8 се исти како и на Band 7 – AMOLED од 1,62″ со 192 x 490 пиксели, но Xiaomi ја ажурираше стапката на освежување на 60 Hz при што се чувствува значителна разлика. Band 8 исто така поддржува до 600 nits осветленост во автоматскиот режим и Xiaomi конечно додаде функција за автоматска осветленост.
Xiaomi, исто така додава и разни ремчиња во интересни бои и подобар квалитет.
Xiaomi тврди дека Band 8 може да понуди до 6 дена издржливост на батеријата со режимот Always On Display (AOD) и до 16 дена со типична употреба.
Add comment