Новости

Apple ветува ажурирање на софтверот за намалување на радијацијата на iPhone 12 во Франција

Apple ветува ажурирање на софтверот за намалување на радијацијата на iPhone 12 во Франција

Француската Национална агенција за фреквенции (ANFR) ја забрани продажбата на iPhone 12 во земјата бидејќи утврди дека уредот емитира повеќе од дозволените електромагнетни бранови според прописите на ЕУ. Неговата специфична стапка на апсорпција (SAR) беше над законската граница.

Агенцијата му постави ултиматум на Apple, велејќи му да ги искористи „сите расположливи средства“ за брзо да го реши проблемот или ќе се соочи со отповикување на сите единици на iPhone 12 некогаш продадени во Франција. Аpple одговори, ветувајќи дека ќе издаде ажурирање на софтверот што ќе го реши спорот.

Не е јасно што точно ќе направи, но Apple е уверен дека ќе ја ублажи загриженоста на француската агенција и ќе ги прифати методите за тестирање што се користат во Франција. За разлика од другите земји, во Франција ANFR не само што врши SAR тестови на главата и телото, туку го тестира и SAR за екстремитетите – како кога држите телефон во рака. Токму на овие тестови на екстремитетите iPhone 12 не успеа.

Во соопштението, Apple изјави:

Ќе издадеме ажурирање на софтверот за корисниците во Франција за да се приспособат на протоколот што го користат француските регулатори. Со нетрпение очекуваме iPhone 12 да продолжи да биде достапен во Франција.

Официјални лица од Белгија, Германија и Италија побараа од Apple да го објави ова ажурирање на цела ЕУ, па веројатно тоа и ќе се случи. Француската влада соопшти дека iPhone 12 брзо ќе биде повторно тестиран по ажурирањето, и ако се открие дека е во рамките на законските ограничувања на SAR, продажбата ќе продолжи веднаш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *