Графичките картички на NVIDIA ќе дојдат со ограничување на стапката на hashrate!

Почнувајќи од средината на мај, графичките картички NVIDIA ќе бидат објавени со ограничување на брзината на hashrate.
Да ве потсетиме, пазарот на графички картички е многу активен поради рударството со крипто пари и побарувачката за најновите графички процесори ја прават рударите, а не гејмерите.
За сега ништо не е сигурно што ќе направи NVIDIA. GeForce RTX 3060 беше првата графичка картичка на NVIDIA со која што се потрудија да не се користи за крипто рударство, но тоа траеше многу кратко. За многу краток период системот на NVIDIA против крипто рударство беше успешно хакиран, и се овозможи крипто рударство со картичките. Дали ова NVIDIA намерно го остави лесно да се хакира останува прашање што никогаш не би добиле официјален одговор.