Што Е Блутут Поврзување, Што Треба Да Се Знае За Него?

Во статијата што следи купитука ви го објаснува доста користениот протокол без кој не можеме да го замислиме модерниот начин на живот.
Најверојатно сте се соочиле со блутут технологијата – веројатно сте ја користеле за да го спарите вашиот смарт уред со звучник или друг смарт уред.
Наједноставно кажано, блутут е технологија овозможува размена на податоци помеѓу уреди на кратко растојание безжично.
Она по што го прави карактеристично блутут поврзувањето е фактот дека брановите на блутут не патуваат многу далеку и постојано ги менуваат фреквенциите.
Повеќето блутут уреди имаат максимален опсег на поврзување од околу 10 метри, а тоа растојание се намалува кога има пречки (како што е ѕид).
Уредите поврзани преку блутут се генерално безбедни и најчесто не се подлежни на хакирање. Тоа е затоа што тие работат на различни фрекфенции кои брзо се менуваат.
За да поврзувањето е успешно потребно е двата уреди (трансмитерот и ресиверот) да го имаат вклучено блутутот. Блутут уредите мораат да работат на иста фрекфенција за да можат да комуницираат.
За што се користи блутут?
Како што споменавме порано, често се користи за спарување на мобилни уреди со други мобилни или фиксни уреди. Ова може да бидат вашите слушалки, вашиот автомобил и слично. Но, честопати работи и на начини кои се помалку очигледни, како што е поврзување на принтер или глувче со компјутер. Карактеристично е дека уредите после првото поврзување ги запамтуваат параметрите. Тоа значи дека за следна прилика потребно е само да се вклучи блутут конекцијата, а уредите автоматски ќе се поврзат.
Постојат повеќе намени на блутут поврзувањето меѓу кои купитука ги издвојува:
- трансфер на податоци (слики, видеа, музика, документи и сл.);
- блутут тетеринг (пренос на мобилни податоци или безжчна конекција од смарт телефон на компјутер);
- играње игри мултиплеер помеѓу два смарт уреди;
- поврзување не периферни уреди (глувче, звучник, принтер, тастатура и сл.);
- контрола на паметни домашни уреди (апарати за домаќинство, алармни системи);
- контрола за во автомобил (музика, мапи, разговори);
Доколку сакате да ги разгледате уредите со блутут кои ги нуди купитука, кликнете на линкот подолу: https://kupituka.mk/?product_cat=0&s=bluetooth&post_type=product&et_search=true